Холандија херојски ја исфрли Португалија, Англија го доби дербито со Шпанија за полуфинале на ЕП У21!

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекцијата на Холандија до 21 година направи вистинско чудо и со играч помалку елиминираше силната Португалија во четвртфиналето на Европското првенство во Словачка. „Лалињата“ уште во 21. минута останаа со десетмина откако Рубен Ван Бомел доби два жолти картони за само две минути. Португалците добија и пенал, но Квенда не успеа да го реализира. Холанѓаните издржаа под притисок, а херој стана Ернест Поку кој во 84. минута донесе сензационално водство и победа од 1-0 со гол веднаш по влегувањето во игра.

Англија пак, без многу калкулации ја реши Шпанија со 0-3 и со сигурен чекор се движи кон одбрана на титулата. На мечот во Трнава, избраниците на Ли Карсли поведоа уште во 10. минута преку Џејмс Мекати, а пет минути подоцна Харви Елиот зголеми на 0-2. Шпанците промашија пенал преку Гуера, а сите дилеми беа решени во 94. минута кога Елиот Андерсон од белата точка го потврди пласманот во полуфиналето.

Во полуфиналето селекциите на „лалињата“ и „Гордиот Албион“ ќе вкрстат копја, а на турнирот во Словачка англиските фудбалери го бранат трофејот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×