155
Бетис беше на
прагот да си обезбеди убава предност за реваншот на Местаља откако вечерва пред
своите фанови имаше водство од 2-0 против Валенсија.
Лорен реализираше во последните мигови од првиот дел за 1-0, за Хоакин во 54. минута да погоди од корнер за
2-0 и голема радост.
Но Валенсија не
се предаде, најпрво преку Черишев намали на 2-1, а Гамеиро во 92. минута донесе
2-2 и го замолкна „Виљамарин“.