Македонскиот шампион ја искористи предноста на домашен терен и дојде до посакуваната победа во првиот меч против противникот од Луксембург.
Резултатот го отвори Бесарт Ибраими со гол во 23. минута по една катастрофална грешка на гостинскиот голман.
На пет минути до крајот на првиот дел беше досуден пенал за Струга кој го реализираше Ибраими за предност и од 2-0.
На самиот старт од второто полувреме, уште не беше помината ни првата минута, Есперанж го намали резултатот со гол на Штолц.
Во 77. минута Ибраими доби уште една шанса од пенал, повторно реализираше за негов хет-трик и победа на Струга од 3-1.
Убава предност за македонскиот тим пред реваншот кој се игра за седум дена во Луксембург.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.