По победата од 7:1 во Ла Лига, Валенсија од Барселона вечерва доживеа уште еден дебакл, сега во четвртфиналето од Копа Дел Реј со 0:5 пред своите гледачи.
Се во овој натпревар беше решено уште во првиот половина час кога македонскиот голман Столе Димитриевски прими четири гола. Димитриевски не беше виновен, едноставно Барселона и на овој натпревар изгледаше доминантно и недозволи Валенсија да се надева на некакво изненадување.
Убедливиот триумф на избраниците на Ханси Флик го најави Торес со голот уште во третата минута. Веќе во 17. зголеми на 0:2, Лопез зголеми 0:3, а на истекот на половина час Торес го постигна и третиот гол за високи 0:4.
Валенсија во вториот дел двапати ја погоди мрежата на каталонскиот гигант, но и двата погодоци беа поништени поради недозволена позиција. Конечните 0:5 ги постави Ламин Јамал со голот во 59. минута.
Претходно денеска Реал Сосиедад со 2:0 ја елиминираше Осасуна, а место во полуфиналето обезбедија уште градските ривали Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Ждрепката за полуфиналните средби е закажана за на 12-ти февруари.