Македонскиот репрезентативец, Себастијан Херера е во одлична форма пред натпреварите од Лигата на нациите, тој беше херој на Борац во дербито со Зрињски.
Борац на домашен терен го доби натпреварот со 1-0, а Херера беше стрелец на единствениот гол на мечот кој беше постигнат пред крајот на првото полувреме.
Зрињски е лидер на табелата, Борац има пет бода помалку.