Хамес Родригез мета на критики, го обвинуваат дека бил непристоен кон ќерката на претседателот на Колумбија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Капитенот на фудбалската репрезентација на Колумбија и поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Хамес Родригез, се најде во центарот на расправите на социјалните мрежи по настанот одржан во претседателската палата во Богота.

За време на приемот организиран за колумбиските репрезентативци, на играчите им беа врачени традиционални шешири како симболичен подарок.

На снимката на социјалните мрежи може да се види моментот кога Антонела Петро, ќерката на колумбискиот претседател Густаво Петро, му приоѓа на Родригез, по што поранешната ѕвезда на Реал Мадрид едноставно поминува покрај неа.

Дел од јавноста смета дека капитенот на репрезентацијата покажал непристојност кон претседателската ќерка, додека други посочуваат дека од достапните снимки не може со сигурност да се утврди што точно се случило во тој момент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×