Халанд по пласманот во нокаут фазата даде чудна изјава каква што не се очекуваше

by Стефан
1 минути читање

Ерлинг Халанд игра одлично на своето дебитантско Светско првенство, откако постигна четири погодоци на првите два натпревари и ја предводеше Норвешка до пласман во нокаут-фазата.

Норвешкиот напаѓач најпрво двапати ја затресе мрежата во убедливата победа од 4-1 против Ирак, а потоа го повтори истиот ефект и во драматичниот триумф од 3-2 над Сенегал.

Иако е во одлична голгетерска форма, Халанд по мечот остана верен на својот препознатлив стил и со краток коментар ја објасни својата ефикасност.

„Едноставно, навистина сум добар во постигнување голови“, изјави напаѓачот на Норвешка.

Запрашан за претстојниот дуел со Франција, Халанд повторно одговори без многу емоции.

„Не ми е грижа, веќе обезбедивме пласман понатаму. Франција веројатно ќе нè победи и на крајот ќе го освои турнирот“, рече норвешкиот голгетер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×