Гвардиола за Бејл: Каков играч, одлична кариера, освои многу… сега ќе стане фантастичен голфер!

by
1 минути читање

Герет Бејл синоќа
соопшти дека оди во пензија на 33 години, па Пеп Гвардиола на денешната средба
со новинарите беше запрашан што мисли за Велшанецот и дали некогаш имал желба
да го купи.

„Не, премногу
беше скап“
– рече тренерот на Манчестер Сити со насмевка на лицето.

„Каков играч,
одлична кариера, освои многу, мислам дека има преку 100 настапи за Велс… сега
ќе стане фантастичен голфер“.

Герет Бејл во
Мадрид беше критикуван за неговата пасија кон голфот, и често можеше да се види
на голф терените, па беше обвинуван дека голфот му е во прв план а кариерата во
Реал, во втор план.

Кога Велс се
пласираше на ЕВРО 2020, беше објавен контроверзен транспарент на кој пишуваше,
„Велс. Голф. Мадрид. По тој редослед“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×