Манчестер Сити
синоќа ризикуваше дополнително да заостане во битката за врвот откако Тотнем на
пауза замина со два гола предност. Сепак, „граѓаните“ направија голем пресврт
во продолжението од мечот и ги однесоа трите бода.
По крајот на
натпреварот, Пеп Гвардиола реши да го крене гласот и да упати замерки до своите
фудбалери и навивачите.
„Денеска имавме
среќа, но ако не се промениме, сигурно ќе загубиме уште повеќе бодови. Немаме страст,
немаме жар во очите и желба за победа од првата минута“ – вели тренерот на
Манчестер Сити.
„Истото важи и за
нашите навивачи, беше тишина цело прво полувреме, а потоа ни свиреа затоа што
губевме, не затоа што игравме лошо. Очигледно станавме многу комфорни откако
освоивме четири титули во Премиерлигата во последните пет години, па затоа ни
се случува ова…“
„Премиерлигата не
ве чека. Арсенал има голема предност и има жар во очите“.
„Немаат титула во
Премиерлигата 20 години и секој нивни фудбалер знае дека ќе влезе во
историјата, како што ние се чувствувавме кога ја освоивме првата титула во
Премиерлигата, или кога ги соборивме сите рекорди, кога освоивме две титули
едноподруго“.
„Секако дека не
сум задоволен од мојот тим, не го препознавам мојот тим. Мојот тим секогаш имал
страст, имал желба, трчал…“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.