Гвардиола полуде по едно новинарско прашање поврзано со финансискиот криминал! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Докажано е дека во периодот кога Роберто Манчини беше тренер на Манчестер Сити од 2009 до 2013 година, клубот на италијанскиот стратег му давал пари „под маса“.

Манчини официјално добивал една плата, помала од договореното, а дополнително земал уште околу два милиони евра по сезона кои му биле префрлани на неговата тогаш ново регистрирана фирма по други основи.

Со оглед на тој случај, Пеп Гвардиола доби прашање дали и тој добивал дополнителни пари кои не се пријавени.

Гвардиола буквално полуде и почна да му вика на новинарот како смее да му поставува такво прашање.

„Дали сте свесни што ме прашувате? Дали сум примал пари од друга страна денеска? Дали сметате дека заслужувам такво прашање? Што се случувало со Роберто, не знам. О, Боже“, е дел од одговорот на Гвардиола.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани