Гвардиола: Не мрдам од Манчестер Сити, им верувам на луѓето тука, не сме виновни

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола
денеска се појави пред новинарите во пресрет на дуелот против Астон Вила и главна
тема беше обвинението кое Премиерлигата го покрена против Манчестер Сити прекршувањата
на правилата за ФФП.

Стратегот
претходно рече дека ќе го напушти клубот доколку се докаже дека обвинувањата за
финансиски малверзации се точни, па повторно беше запрашан на оваа тема.

Шпанецот
инсистира дека нема намера да го напушти Манчестер Сити и смета дека клубот ќе
ја докаже својата невиност.

„Луѓето од
Манчестер Сити не ме лажеле. Видете што се случи со УЕФА, не сме направиле
ништо лошо. Зошто да не им верувам на моите луѓе“
, вели Пеп Гвардиола.

„Овие 19 клубови
направија преседан. Но треба да бидат внимателни, многу од нив може да се
најдат на местото каде што сме ние“.

„Јас сум потполно
уверен дека ние ќе бидеме прогласени за невини. Ако треба да бирам дали да им
верувам на 19те клуба од Премиерлигата или на зборовите на моите луѓе, ќе ги
одберам моите луѓе во Манчестер Сити“.

„Нема да заминам
од ова столче, сега сакам да останам во Манчестер Сити повеќе од било кога, 100
проценти сум сигурен“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани