Манчестер Сити неодамна врза два порази, во Премиерлигата загуби од Манчестер јунајтед, а во Лига Купот беа елиминирани од Саутемптон. Губеа и од Тотнем со 2-0 на полувреме, но со пресврт во вториот дел ги освоија трите бода.
Арсенал е прв на табелата со 47 бодови, Манчестер Сити има 42, но и натпревар повеќе.
„Уште сме тука. Второ место сме на табелата, немаме заостанување од 25 бодови, ние сме тука и има уште 57 бода во игра. Но, она што го велам е дека доколку играме вака – немаме шанси“, вели Гвардиола.
„Жал ми е за нашите хејтери, ние ќе бидеме во историјата на Премиерлигата со она што го направивме досега. Тоа не може да се избрише. Но тоа е минато. Сега сме тука и фановите сакаат почесто да гледаат да играме како што игравме во второто полувреме со Тотнем. Тоа треба да го пронајдеме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.