Групната фаза во Европа остана само сон за Шкупи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шкупи ова лето имаше три шанси да се пласира во групната фаза од европските натпреварувања, прво беше дуелот со Динамо Загреб, па со Шамрок Роверс и на крајот со Балкани. Чаирчани ги пропуштија шансите, па остварувањето на сонот ќе се обидат да го направат следната сезона.

Работата тргна лошо за Шкупи уште на самиот почеток, во втората минута Џелил Абдула заработи црвен картон, па македонскиот тим цел меч го играше со фудбалер помалку.

Албион Рахмани ќе излезеше сам пред голот на Шкупи, Абдула го фаулираше како последен играч во одбраната и заработи црвен картон.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 69. минута, Кореница погоди за водство и победа на Балкани од 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×