Грнчаров и Бајевски ја продолжија соработката со Вардар, им се приклучува и Нурединоски

by
1 минути читање

Во финишот од
минатата сезона, Бобан Грнчаров го превзеде кормилото на Вардар на привремена
основа, заврши добра работа и покрај тоа што не беше обезбедена промоција во
прва лига, па „црвено-црните“ решија да го наградат со нов договор.

Попладнево,
најтрофејниот македонски тим соопшти дека Бобан Грнчаров се обврзал на
тригодишна соработка. Помошници во иднина ќе му бидат Златко Таневски и Един
Нурединоски, кој се враќа во вардаровото семејство.

Договорот на три
години го продолжи и спортскиот директор Александар Бајевски, кој активно работи
на засилувања за наредната сезона.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×