101
ТВ каналот В9
синоќа емитуваше документарец за Светското првенство од 1998. Во видеoто кое беше прикажано се
најде и Гризман, кој како 7 годишно дете трча по ѕвездите на
„Триколорите“, кои само 15 дена подоцна ќе станат шампиони.
Младиот Антоан со
дрес на Франција и бројот 7 на неговиот грб, во придружба на другарче бара
автограми од Тјери Анри, Фабиен Бартез и Зинедин Зидан на еден од тренинзите.
20 години подоцна
тој сега е прва ѕвезда на Франција и идол на многу деца. Останува да се види дали ќе може да го повтори успехот на Анри и Зидан и да ги предводи
„Триколорите“ до триумф на СП 2018.