Град Скопје му додели помош на Вардар од 250.000 евра, Арсовска бара клубот да се врати во сопственост на градот

by
2 минути читање

Расправијата на предлогот за финансиска помош на ФК Вардар траеше речиси еден час. Фудбалерите на црвено-црните немаат земено четири месеци плата, па дел од оваа сума ќе биде за покривање на тие долгови.

Градоначалничката Арсовска побара систематски и трајно решение за Вардар и во идната година клубот да се врати во сопственост на Градот Скопје.

„Овој предлог е добар, ама е несериозен зашто за Вардар треба една сериозна анализа и пристап, односно да се најде трајно решение за Вардар. Мислам дека нема човек тука (во советот – н.з.) кој не сака да му помогне на Вардар, но таа фирма која го презема клубот со долговите, нема вратено ништо. Прво треба да се истражи сè со Вардар, да видиме што се случува таму. Долговите се во милиони, блокадите се огромни… Прашање е што ќе исполниме со ова? Треба да повикаме на акција, прво финансиска полиција и сите надлежни институции да влезат внатре, да видиме на кој начин се работи и што се реализира, да видиме што се случува со клубот, кои обврски се реализирани, зашто има блокади кои се во милиони и да најдеме трајно решение за да го спасиме Вардар од тоа што сега му се случува. Јас искрено мислам дека трајно решение задлужува не само Скопје, туку и Македонија. Сакам под итно да го спасиме Вардар, но мојата молба е да се заземеме сите и да најдеме решение за Вардар, а тоа е да се врати таму каде што припаѓа и каде што му е местото – во градот Скопје“, рече Арсовска.

Вардар во 2011 година беше во сопственост на Град Скопје а после две години му беше предаден на Самсоненко. Компанијата „Блу Скај Инвестмент“ со долгови го зема клубот од Самсоненко, но долговите не се подмирени, клубот продолжи да живее во беспарица и да таложи долгови.

Вардар веќе втора сезона игра во втората македонска фудбалска лига.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×