Иницијативата за помош на ФК Вардар беше поднесена од докторот Никола Пановски, а ја поддржаа безмалку сите советници, од присутните само еден беше воздржан, останатите 34 се изјаснија позитивно.
Усвоен е и заклучок со кој се овластува градоначалничката за издвојување на сума на пари за помош и изнаоѓање на најповолниот начин како да се реализира оваа помош.
Ова е втора иницијатива на град Скопје за помош за ФК Вардар, зашто пред повеќе од осум месеци имаше иста ваква помош со ребаланс на буџет, кога беа изгласани 250.000 евра, но тогаш сето тоа не помина во Mинистарството за финансии, па парите практично и не завршија во клупската каса.
Пред да дојде точката за помош на Вардар, советниците изгласаа амандман за ребаланс на буџетот за оваа 2023 година, со кој дополнителни 12 милиони денари (200.000 евра) се префрлаат во секторот спорт за поддршка на спортските клубови на територијата на град Скопје.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.