Тео Ернандез е на чекор до преселба во Ал Хилал, искусниот француски бек, по долго размислување, одлучил да ја прифати понудата од саудискиот клуб.
Иако првично двоумеше поради семејни и спортски причини, со оглед на тоа што трансферот во Саудиска Арабија носи бројни предизвици, подобрената понуда на Ал Хилал го натера дефанзивецот конечно да каже „да“.
Ернандез важеше за лидер во редовите на „росонерите“, клучен играч на Милан во изминатите сезони, а неговото заминување значи и почеток на нова ера на „Сан Сиро“.
Милан веќе работи на засилувања и се насочи кон десната бековска позиција. Прва опција е Вандерсон, 24-годишниот фудбалер на Монако, кој е и стандардeн член на бразилската репрезентација. Неговата цена се движи меѓу 20 и 25 милиони евра, а во клубот веруваат дека може да донесе стабилност и сигурност во одбраната.
Интересен за италијанскиот гигант е и Тијаго Сантос од Лил, 22-годишен офанзивно ориентиран бек со огромен потенцијал. Сепак, долготрајната повреда на предните вкрстени лигаменти остава прашалник дали ќе успее целосно да се врати на посакуваното ниво.