Готово е, Алиоски отиде по парите во Саудиска Арабија, потпиша со Ал Ахли, ќе заработи пет милиони евра за две години!

by
2 минути читање

Алиоски на маса имаше понуда за нов договор со Лидс, се поврзуваше и со клубови од Серија А и од Турција, на крајот одлучи да потпише за тие кои му нудат најмногу, Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Договорот е готов, Алиоски е нов фудбалер на Ал Ахли и ќе заработи 5 милиони евра за две години.

Овој трансфер ќе беше разбирлив ако Алиоски беше на залезот од својата кариера, но тој е во најдобрите години, многу фудбалери со вакви одлуки си ја срушиле кариерата.

Алиоски има 29 години, ако останеше во Европа можеби ќе заработеше некој милион помалку за следните две години, но ќе играше во конкурентни лиги, ќе беше на радарот на целиот фудбалски свет, и можеше уште долги години да игра во кремот на фудбалот заработувајќи солидни суми на пари.

Со трансферот во Саудиска Арабија ќе ги добие парите кои ги сака, но тешко дека во тој свет ќе може да напредува во формата и по тие две години да се врати во елитна лига и да добива солидни понуди. Па оваа одлука на долгорочен план може да се покаже и како финансиски погрешна.

Како ќе се одвива кариерата на Алиоски и дали овој потег бил вистински, ќе покаже времето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани