Гостивар не го загуби службено мечот со Локомотива, ама заврши на дисциплинска

by
3 минути читање

Случајот се отвори после минималната победа над Локомотива поради фудбалерот Христовски, кој од 25 јануари е член на Гостивар, но претходно во тековната сезона имал три други регистрации, за Тетекс, Силекс и Скопје, по што следеше жалба на неговиот настап за неправилен настап поради недозволени четири регистрации во тековната сезона.

Но, после три дена откако во средата се одложи седницата на комисијата за натпревари, па гостиварци дојдоа и на протест пред ФФМ, комисијата за натпреварување денеска утврдила дека нема прекршување во делот за службен пораз, ама поради прекршување на членот десет од правилникот за регистрација, клубот е предаден на дисциплинската комисија..

Во образложението зашто Христовски имал право на настап зашто при неговата регистрација на 25 јануари, никој не се жалел во рокот од осум дена.

„Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ја разгледа и одлучуваше по жалбата на ФК Вардар за случајот „регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски од ФК Гостивар“.

Откако го доби и разгледа дописот од ФК Гостивар (одговор на жалба) и писмениот допис за случајот од Комисијата за верификација, членовите на Комисијата за натпревари едногласно (со иземање на еден член од комисијата поради судир на интереси) ги донесоа следните одлуки за случајот со регистрацијата на фудбалерот на ФК Гостивар:

– Комисијата за натпревари, натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево го регистрираше со постигнатиот резултат.

– Регистрацијата на фудбалерот Гордијан Христовски за ФК Гостивар објавена во Макфудбал број 3 на 25. јануари 2023, ниту еден клуб не ја обжалил во предвидениот рок од осум дена, поради што на натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево немало натпреварувачки последици за настапот на фудбалерот.

– Комисијата за натпревари донесе одлука, ФК Гостивар и фудбалерот Гордијан Христовски поради прекршување на член 10 од правилникот за регистрација да се предадат на дисциплинска комисија“, објави ФФМ.

Со оваа одлука Гостивар останува на своите 40 бода досега сезонава, три пред Вардар и Воска Спорт, а шест пред Пелистер во трката за Прва лига.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани