Ентони Гордон, крилниот напаѓач на Њукасл наскоро и официјално ќе стане нов фудбалер на Барселона, иако англиските медиуми откриваат дека Ливерпул во последен момент се обидел да го расипе трансферот.
Според информациите, клубот од „Енфилд“ воспоставил сериозен контакт со претставниците на Гордон за да ја испита можноста за негов ангажман, но добил јасен одговор дека желбата на фудбалерот е преселба во Каталонија.
Гордон уште во 2024 година бил блиску до трансфер во Ливерпул, а дел од англиските медиуми пишуваа дека тие контакати сега се обновиле, но интересот подоцна се оладил, додека фудбалерот во меѓувреме веќе ги минал лекарските прегледи во Барселона пред трансфер вреден 69 милиони фунти.
Сепак, приказната добила нов пресврт кога било откриено дека Ливерпул повторно стапил во контакт со таборот на Гордон. Одговорот, сепак, бил јасен англискиот фудбалер преферирал преселба во Барселона наместо во клубот за кој навивал како дете.
Со тоа биле ставени крај на сите можни преговори, а официјалната потврда на трансферот се очекува многу брзо бидејќи Гордон е веќе во Барселона.