71
Горан Пандев преку социјалните мрежи се пофали дека од денеска и официјално има италијанско државјанство. Тој веќе 17 години е во Италија и од поодамна изрази желба да остане и да живее во оваа земја.
Конечно сите процедури околу италијанското државјанство завршија и тој од денеска и официјално е и Италијанец.
Пандев во Италија замина во 2001 година кога од Беласица потпиша за Интер каде во младинскиот тим. Потоа играше за Специја, Анкона, Лацио, па се врати во Интер со кој ја освои и Лигата на шампионите, потоа го носеше дресот на Наполи и сега е во Џенова. Од 2001 година до денес само една сезона помина надвор од Италија кога беше член на Галатасарај.