Горан Пандев со легендите на Интер и Реал на ревијал во Мадрид

by 24 фудбал
1 минути читање
Пандев

Горан Пандев повторно ќе истрча на тревникот на легендарниот „Сантијаго Бернабеу“, каде што пред 16 години ја освои Лигата на шампионите со Интер.

Македонската фудбалска икона е меѓу повиканите за ревијалниот дуел меѓу легендите на Интер и Реал Мадрид, кој ќе се одигра во рамки на традиционалниот хуманитарен настан „Корасон Класик Меч“. Пандев ќе биде дел од тимот на Интер заедно со неколку поранешни ѕвезди на италијанскиот великан, меѓу кои се Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Маикон, Лусио и Џампаоло Пацини.

За македонскиот ас ова ќе биде уште едно враќање на местото каде што испиша дел од најубавите страници во својата кариера, кога во 2010 година со Интер стигна до историската тројна круна под водство на Жозе Мурињо.

Натпреварот е закажан за 13 јуни и традиционално собира голем број фудбалски легенди пред преполните трибини на стадионот во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×