Голманска „војна“: Куртоа застана во одбрана на Донарума

by Стефан
1 минути читање

Во фудбалската јавноста една од главните теми денеска е судирот на Џанлуиџи Донарума со Џамал Мусиала по кој напаѓачот на германскиот гигант заработи тешка повреда.

Критики Донарума доби од неговиот колега на спротивната страна Мануел Нојер кој порача дека италијанскиот чувар на мрежата не требало да оди на таа топка.

Сепак, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа има поинакво мислење.

„Премногу е да се обвинува Донарума во таа ситуација. Голманите мора да одат на топката, напаѓачите не се воздржуваат и одат кон нас. Целата ситуација беше само момент на лоша среќа. Нојер можеби е повеќе лут затоа што во прашање е негов соиграч, но Донарума не мже да биде виновен“, изјави Куртоа.

Според најавите, Мусиала поради повредата го чека пауза од четири до пет месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×