„Кралевите“ се на чекор до полуфинале во Копа дел Реј откако пред совите фанови триумфираа над Жирона со 4-2 благодарејќи на два погока во финишот од натпреварот.
Гостите добро го започнаа мечот и по една одлична акција, Лозано го совлада Куртоа за 0-1. Сепак, Реал Мадрид брзо се врати во игра, преку Лукас Вазкез изедначи во 18. минута, а Рамос погоди од пенал пред крајот на првиот дел за 2-1. Гостинскиот голман лоши си ја завршил домашната со оглед на тоа дека дефанзивец шутираше со „Паненка“ и претходно оваа сезона веќе три пати погоди во овој стил од белата точка (од седум обиди).
По дваесет минути игра во второто полувреме и гостите добија најстрога казна, Гранел од белата точка изедначи на 2-2. Но потоа следеше одговор од „кралевите“. Рамос ги донесе домаќините во ново водство во 77. минута од мечот, а Бензема 180 секунди подоцна зголеми на 4-2.