Голманот на Лацио фати четири пенали и ја елиминира Аталанта за Куп-финале! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Лацио обезбеди пласман во финалето на Купот на Италија, елиминирајќи ја Аталанта по изведување пенали со 2-1, откако двомечот заврши без победник.

Апсолутен херој за римјаните беше голманот Едоардо Мота, кој одбрани четири удари од белата точка и го однесе својот тим во борба за трофеј, каде ќе се соочи со Интер.

По мирното прво полувреме, драмата се случи во самиот финиш. Алесио Ромањоли донесе водство за Лацио во 85 минута, но веднаш возврати Марио Пашалиќ за 1-1.

Аталанта беше поопасна во продолженијата и постигна гол преку Џакомо Распадори кој беше поништен поради офсајд, па одлуката падна на пенали. Таму Лацио беше посигурен и со блесокот на Мота го завери финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×