13
Фудбалскиот клуб Пелистер потврди дека Мартин Мирчевски во следната сезона ќе го носи зелено-белиот дрес.
Пелистер ги покажува амбициите за експресно враќање во Првата лига, битолчани го вратија Мартин Мирчевски.
29-годишниот офанзивен фудбалер потекнува од Пелистер, а во меѓувреме настапуваше и во странство во екипи како ТСЦ и Железничар.
Во минатата сезона Мирчевски настапуваше за Силекс.