Големиот талент на Дортмунд, кој даде преку 100 гола како младинец, сега прави изненадувачки трансфер

by bojan
1 минути читање

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко прави изненадувачки трансфер и е пред преселба во Данска во редовите на Копенхаген.

Јусуфа Мукоко важеше за еден од најголемите таленти во школата на „милионерите“ но и во својата генерација, со леснотија ги тресеше противничките мрежи и тоа што играше со неколку години повозрасни фудбалери.

Откако постигна преку 100 гола како младинец, со само 16 години доби шанса да дебитира во првиот тим на Борусија Дортмунд и собори еден куп рекорди.

Но тој никогаш не успеа посериозно да се наметне помеѓу сениорите, во меѓувреме често се пишуваше дека неговите години се лажирани, и дека всушност е многу постар од тоа што пишува во документите.

Минатото лето, тој се пресели на позајмица во Ница со опција за перманентен трансфер вреден околу 20 милиони евра.

Но ниту таму не блесна, па Ница одби да инвестира толку голема сума и го остави Јусуфа Мукоко во неизвесност.

Последните информации велат дека се нашол клуб кој ќе му укаже шанса на напаѓачот, но сите се изненадени од изборот – Јусуфа Мукоко се сели во Данска, во редовите на Копенхаген.

Се очекува трансфер сумата да биде околу 5 милиони евра, што е „ситно“ за фудбалер кој требаше да биде следното фудбалско чудо.

ФОТО: X/Borussia Dortmund

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×