Голема победа на македонските надежи, со три бода се враќеме од Шведска!

by
3 минути читање

Младинците изминатиов период со многу самодоверба најавуваа дека имаат квалитет за нешто големо и дека имаат потенцијал да ја повторат историската 2017 година, па тоа на почеток и го покажаа со овој триумф против Швеѓаните, инаку поранешни европски младински прваци, како најава дека оваа генерација го има и потенцијалот и зрелоста и квалитетот да направи нов успех.

Иван Николов, фудбалерот на дански Сондерјиске денеска ја обезбеди победата со голот уште во седмата минута поради ноншалантноста на домаќините, па првиот удар заврши во дирекот, а од вториот со глава лесно ја смести топката во мрежа. Можеше Николов да се прослави и со втор гол и да ја завери многу порано победата, откако имаше зицер на десет минути пред крајот, но лошо се обиде да го матира домашниот голман откако загуби драгоцено време за реализација за да се намести на посилната десна нога.

Имаше Македонија и среќа за да победи, зашто Швеѓаните направија шанси за гол, но им затаи комплетно реализацијата, но во најголем дел и немаа идеја како да дојдат до позиција, освен во завршните 20-на минути кога целосно притиснаа и создадоа неколку можности за кои комплетниот наш тим до последен атом од силите изгинаа за да не дозволат погодок, а две за наша среќа „викинзите“ и не ги реализираа, иако беа чисти шанси за гол.

Во судиското надополнување Македонија имаше уште една голема шанса, но овојпат дирекот ги спаси Швеѓаните, после шут од 20 метри.

Македонија за четири дена ја чека вториот голем предизвик и тоа против првиот фаворит во нашата група, Холандија во Скопје.

@2024 – Сите права задржани