Медиумите од „островото“ пренесуваат дека летово ќе има голема чистка на Етиахд, дури 10 фудбалери можат да го напуштат Манчестер Сити.
„Граѓаните“ започнуваат нова ера, Пеп Гвардиола реши да се повлече од тренерското столче.
А промената на кормилото ќе донесе и големи промени во играчкиот кадар, како што пренесува Атлетик, дури 10 фудбалери можат да го напуштат Манчестер Сити ова лето.
Бернардо Силва и Џон Стоунс се првите кои ќе си заминат, на двајцата договорот завршува на 30. јуни.
На излезна врата се надоаѓаат и Нико Гонзалез, Рико Луис, Тиџани Рајндерс, Омар Мармуш, Матео Ковачиќ, Џејмс Трафорд и Нејтан Аке.
Јошко Гвардиол исто така може да го напушти клубот, дефанзивецот има понуда од Манчестер Сити за нов договор, но и интерес од неколку клубови како Баерн Минхен, Реал Мадрид и Барселона, па треба да одлучи дали сака да остане, или да започне нова авантура.