Голема „чистка“: Роналдо остана без осум милиони следбеници на Инстаграм, Меси изгуби пет!

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои со години важат за едни од највлијателните спортски личности во светот и доминираат и надвор од фудбалските терени, се меѓу „најпогодените“ од најновата акција на „Мета“ за отстранување лажни и неактивни профили на Инстаграм.

Компанијата започна масовна „чистка“ на ботови, неактивни рофили за кои е утврдено дека користат автоматизирани модели и алатки базирани на вештачка интелигенција. Од „Мета“ посочија дека целта е платформата да понуди „поавтентична комуникација и реална интеракција меѓу корисниците“.

Во рамки на оваа акција, Роналдо останал без околу осум милиони следбеници, па неговиот профил сега брои околу 666 милиони фанови. Од друга страна, Меси изгубил приближно 4,8 милиони следбеници и моментално има околу 507 милиони.

Поради енормната популарност и бројот на следбеници што ги имаат, двајцата фудбалски великани се меѓу најголемите „губитници“ во оваа голема акција на Инстаграм.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×