Голема битка за опстанок во Битола, Вардар има лесна задача против Шкупи

by riste
1 минути читање

Денеска се играат два натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига, Пелистер ја пречекува екипата на Македонија Ѓорче Петров, а Вардар му гостува на Шкупи.

Пелистер води грчевита битка за опстанок и секој бод му е потребен, нема право на кикс особено против конкурентите за излез од зоната за испаѓање, а таква е Македонија Ѓорче Петров.

Пелистерци се надеваат дека денеска пред својата публика ќе ги освојат трите бода, но тимот од Ѓорче Петров во Битола патува по целиот плен.

Македонија ЃП со победа ќе излезе пред Пелистер на табелата, разликата меѓу двата тима е само два бода.

Се очекува голема битка, а поразниот од овој дуел ќе биде чекор поблиску до втората лига.

Овој натпревар почнува од 15 часот, а два часа претходно ќе почне дуелот меѓу Шкупи и Вардар.

Шкупи одамна е испаднат и само формално ја доигрува сезоната, се очекува Вардар да има лесна задача и рутински да дојде до трите бода со кои ќе го врати првото место на кое од вчера е Шкендија.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×