Голем кикс на Димитриевски, македонскиот голман му подари бод на Хетафе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рајо поведе во 38. минута со автогол на Арамбари, со тој резултат заврши првиот дел.

Во 50. минута Хетафе доби пенал, но Мајорал шутираше високо над голот. Четири минути подоцна домаќините останаа со фудбалер помалку откако Алена заработи втор жолт картон.

Рајо Ваљекано имаше водство и фудбалер помалку, но не успеа да ги однесе трите бода.

Во 77. минута Димитриевски го направи големиот кикс откако шутна во Унал кој изедначи на 1-1.

Рајо имаше огромна шанса да дојде до ново водство, но во 87. минута Де Томас промаши пенал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×