Голем интерес за Ракитиќ, но Хрватот сака да остане во Барселона, под еден услов

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ тврди дека сака да ја продолжи верноста
со Каталонците и да стави потпис на нов договор со тој клуб, и покрај големите
шпекулации кои го поврзуваат Хрватот со трансфер во Челси и ПСЖ, кои се
најзагреани за неговите услуги.

Барселона го
ангажираше Френки де Јонг од Ајакс, а со тоа ја зголеми конкуренцијата во
средниот ред, а со самото тоа се зголеми извесноста дека Ракитиќ е на излезна
врата од клубот, сепак, искусниот 30 годишен фудбалер тврди дека сака да остане
на Камп Ноу, но, под еден услов, да има минутажа на теренот, во спротивно,
најави разговори со челниците на клубот.

Доколку останам
тука, тогаш посакувам да играм, доколку нешто се промени во однос на таа тема,
ние ќе разговараме. Имам самодоверба, знам што можам да понудам од себе, знам
кој сум и што сум
“ издвои Ракитиќ.

Сакам да останам
тука, доколку потпишам нов договор би останал уште многу години, среќен сум
тука, сите го знаат тоа, немам ништо што да додадам во однос на тоа
“ појасни
Ракитиќ кој има важечки договор со Каталонците до 2021. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани