Гол првенец на Гакпо, Ливерпул го доби градското дерби за прва победа во 2023 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лошата серија на
Ливерпул во Премиерлигата е прекината, избраниците на Клоп конечно оваа година
се израдуваа на победа. Вечерва во градското дерби против Евертон, „црвените“
славеа со 2-0.

Резултатот беше
отворен во 36. минута, во луди 15 секунди, гостите наместо да поведат со 0-1,
Тарковски ја погоди рамката од голот, Ливерпул тргна во брза контра која
Салах ја реализираше за 1-0.

Трите бода беа
осигурани на почетокот од второто полувреме, Гакпо доби топка на подалечната
статива и рутински реализираше за гол првенец и 2-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани