10
Зад нас е 29-тото коло во Првата фудбалска лига која полека влегува во самата завршница, а за гол на колото го избравме погодокот на напаѓачот на Вардар, Стефан Цветковиќ.
Вардар е и најголемиот добитник по ова коло бидејќи Шкендија на свој терен изненадувачки загуби од Башкими, па сега имаат три бода предност во однос на тетовскиот клуб на врвот.
Својата работа избраниците на Гоце Седлоски лесно ја завршија бидејќи го декласираа Тиквеш со 7-0. Цветковиќ со својот гол ја најави катастрофата за гостите од Кавадарци уште во третата минута.
Standings provided by Sofascore