81
Обично Нејмар е тој кој си поигрува со своите противници, но сега напаѓачот
беше жртва на својот репертоар. На вчерашниот тренинг на Бразил, младиот
Вевертон му ја протна топката низ нозе.
На ѕвездата на ПСЖ не му се допадна ова, па го фати 19 годишниот десен бек
на Крузеиро за маркерот и го сруши на земја.
Вевертон е дел од неколкути играчи од У20 репрезентацијата на Бразил кој
добија повик од Тите да се стекнат со искуство и да им помогнат на сениорите во
подготовките за Копа Америка со оглед на тоа дека недостасуваат доста имиња на стартот од тренинг кампот.