Го шокираше Манчестер Сити со погодок од половина терен, за жал најубавиот гол во кариерата нема да му се пише (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Донли

Третолигашот Лејтон Ориент има изненадувачко водство од 1-0 на полувреме против Манчестер Сити, домаќините се во предност благодарејќи на спектакуларен гол од половина терен.

На „граѓаните“ им се заканува срамна елиминација во ФА Купот, избраниците на Пеп Гвардиола на гостувањето кај Лејтон Ориент ќе одат на пауза со гол негатива.

Третолигашот стигна до изненадувачко водство откако ја затресе мрежата со спектакуларен погодок од половина терен.

Џејми Донли убаво забележа дека голманот Ортега е излезен и без разлислување лобуваше од далечина. Ова веројатно е неговиот најубав погодок во кариерата, но за жал нема да му се пише.

Топката од стативата се одби во Ортега и заврши во мрежата, па погодокот ќе стои како автогол на голманот на Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани