Го гледаме најефикасниот Мундијал досега, новата топка на ФИФА е една од причините

by Стефан
1 минути читање

Светското првенство во фудбал досега нуди и тоа како ефикасни натпревари. На првите 40 натпревари беа постигнати 121 гол, што е речиси 25 отсто повеќе во однос на истиот број мечеви на претходниот Мундијал.

Еден од факторите за ваквата ефикасност според многумина е и официјалната топка со која се игра турнирот. Од ФИФА објаснуваат дека таа е дизајнирана со подлабоки шевови кои треба да овозможат подобра стабилност при летот, но играчите и тренерите забележуваат уште една карактеристика, топката се движи со огромна брзина при ударите.

„Оваа топка е брза како топовско ѓуле. Ако ја погодите на вистинското место, неверојатно е тешко за голманите да ја одбранат“, изјави селекторот на Австрија, Ралф Рагник.

Освен топката, на зголемениот број погодоци влијаат и другите промени на турнирот. Натпреварите траат подолго поради поголемите судиски надополнувања, а воведени се и паузи за освежување на фудбалерите. Дополнителен фактор е и новиот формат со 48 репрезентации, кој донесе поголеми разлики во квалитетот меѓу селекциите.

Во просек на секој меч досега се постигнуваат точно по три гола. Само три натпревари завршија без погодок, а осум од головите беа автоголови.

Ако продолжи истото темпо, овој Мундијал може да го надмине рекордот од Катар 2022, каде што на 64 натпревари беа постигнати 172 гола. Според актуелниот просек, конечната бројка би можела да достигне дури околу 194 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×