101
Тотенхем прв дојде до почетно водство на дербито во редовното 25 коло во англиската Премиерлига, на домашен терен против Манчестер јунајтед.
Неполна минута, или точно 11 секунди им беа потребни на домаќините да дојдат до водство, а тоа го сторија со голот на Кристиан Ериксен кој се најде на вистинско место во вистинско време.
Данецот искористи отпадок во казнениот простор на гостите и ја смести топката во мрежата од голот.
Инаку ова е втор најбрз гол во историјата на Премиерлигата по оној на Ледли Кинг, поранешниот дефанзивец на Тотенхем, на мечот против Брендфорд.