Ѓоко Зајков откри каква е ситуацијата во Украина

by
1 минути читање

Пред два дена, Ѓоко
Зајков велеше дека нема место за паника и дека на 27. февруари ќе дебитра за
неговиот нов клуб Ворскла Полтава, но тој сега бара начин како да ја напушти
Украина откако рано утрово Русија започна воена интервенција.

„Градот Полтава
каде што се наоѓаме не беше цел на
напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме
тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до
некоја граница. Но, мора да создадат услови. Во моментов воздушниот простор е
затворен, а нема ниту возови“
– вели македонскиот репрезентативец во изјавата која ја
сподели ФФМ.

„Ги чекаме
инструкциите од клубот. Во градов моментално работат само маркети и многу мал
број на ресторани. Доколку има некои нови инфомации ќе се обидам да пренесам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани