Жирона ја заврши историската сезона со историски резултат (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Жирона

Жирона има неколку причини за славје вчерва, историската сезона е завршена со историски резултат и триумф од 7-0 над Гранада, плус Довбик со хет-трик изби на првото место на листата со стрелци.

Жирона ја има најдобрата сезона во својата историја, за прв пат обезбеди настап во Лигата на шампиони, а вечерва ја забележа и најголемата победа.

Во последното коло, Жирона со 7-0 ја совлада Гранада и најдобар начин се отпиша од сезоната.

За славјето да биде поголемо, Довбик забалежа хет-трик и Украинецот со 24 погодока изби на првото место на листата на стрелци, со гол повеќе во однос на Сорлот

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани