Германија и со втор тим ја наполни мрежата на Сан Марино (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Шест од шест за
„Панцирите“ во квалификациите за мундијалот во Русија, Германија и со втор тим
славеше над Сан Марино со 7-0.

Дракслер го
отвори резултатот во 11. минута, а потоа следуваа два гола на Вагнер за 3-0 по
половина час игра.

Јунес погоди за
4-0 на полувреме, а веќе на стартот од вториот дел пукна „петарда“ со голот на
Мустафи.

Бранд стрелаше
прецизно за 6-0 во 72. минута, а на пет минути до крајот Вагнер го комплетираше
својот хет-трик и ги постави конечните 7-0.



Предводена од
одличниот Роберт Левандовски, Полска ја совлада Романија со 3-1.

Напаѓачот на
Баерн донесе водство од пенал по половина час игра, а потоа во 57. минута
зголеми на 2-0.

Со нов гол од
белата точка, Левандовски стигна до хет-трик во 62. минута, а Станчу само
постигна почесен гол за Романија во 77. минута.


Црна Гора со 4-1
славеше над Ермнија, Словачка со 1-2 на гостувањето кај Литванија, а Норвешка и
Чешка одиграа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани