148
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешени 1-1 против Белгија во рамките на квалификациите за Светското првенство.
Трибините на националната арена „Тодор Проески“ беа одлично пополнети, имаше речиси 30.000 гледачи и атмосферата беше одлична. На социјалните мрежи се појави интересно видео поврзано со Фин, кој е Германец преселен во Македонија пред неколку години. Тој учи македонски јазик, одушевен е од нашата земја и со времето разви голема пасија кон спортските настани.
Фин објави видео и покажа дека буквално се наежи за време на интонирањето на македонската химна, а исто така и громогласно навиваше за Македонија.