Палермо вечерва
гостува кај Кротоне во рамките на 24 коло од италијанската Серија Б, меч од
големо значење за Сицилијанците во нивниот поход кон враќање во елитното
друштво.
Денешното издание
на Газета дело Спорт најавувајќи ја вечерашната пресметка во Кротоне, се осврна
на подготовките на Палермо во пресрет на мечот, односно за тоа како тимот на
Роберто Стелоне ги ковал тактиките за време на тренинзите.
Весникот ги
издвои Стефано Морео и нашиот репрезентативец, а воедно и капитен на
Сицилијанците, Илија Несторовски, како добитна комбинација во нападот на таа
екипа.
„Несторовски со
Морео, веќе употребена и победничка комбинација во нападот“ стои во насловот на
весникот.
Нема дилеми во
големите желби на Палермо да стигне до посакуваните три бода вечерва, а двоецот
Несторовски-Морео играше на шест натпревари заедно во нападот, вклучувајќи 5
гостински натпревари, а се верува дека Морео создава голем простор за
Несторовски во нападот на таа екипа.
Палермо во
моментов заостанува четири бода зад лидерот Бреша, кој има меч повеќе, а
Сицилијанците имаат позиција која обезбедува директен пласман во Серија А за
идната сезона, но, ќе имаат битка до крајот на шампионатот, со оглед на тоа
колку се близу екипите под второто место.