Газдата на Фиорентина направи математика и објасни како Јувенутс „утнал“ со трансферот на Влаховиќ

by
1 минути читање

Душан Влаховиќ во јануари минатата година ја напушти Фиорентина и се пресели во Јувентус во зделка вредна 80+ милиони евра.

Сопственикот на „виолетовите“, Роко Комисо сега објасни зошто е задоволен од овој трансфер.

„За ангажман на Кабрал и Јовиќ потрошивме 15 милиони евра и тие оваа сезона имаат постигнато 20 погодоци во сите натпреварувања. Од друга страна, Влаховиќ има постигнато 10 погодоци во дресот на Јувентус“ – објаснува Роко Комисо.

„Има постигнато двојно помалку голови од нашите напаѓачи, а ние плус заработивме и 70 милиони евра“.

„Ангажманот на Кабрал и Јовиќ е одлична зделка за нас, не би можел истото да го кажам и за трансферот на Влаховиќ во Јувентус“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×