Португалскиот „Рекорд“ пишува дека Челси повторно тргнал по Енцо Фернандез од Бенфика.
Челси водеше преговори за него на почетокот од овој месец, но откако му беше кажано дека само со откупната клаузула ќе може да го ангажира Аргентинецот, тие навидум се откажаа.
Како и да е, сините сега се враќаат, откупната клаузула е 125 милиони евра, па тоа е најмалата сума која може да ја потрошат за да го донесат Фернандез. Можат и повеќе доколку се договарат да плаќаат на рати.
Доколку се оствари оваа зделка, тоа ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата. Рекордот сега го држи Манчестер Сити кој го купи Џек Грилиш од Астон Вила за 117,5 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.