761
Хајдук вчера го доби дербито со Ријека благодарение на гол на Александар Трајковски во финишот од натпреварот.
По мечот тренерот Џенаро Гатузо го пофали македонскиот фудбалер, но и призна дека не му давал премногу шанса.
„Трајковски го заслужи ова. Кога постигна гол, слободно можеше да ме отера „каде што не треба“, со оглед на тоа што ретко играше. Имаше проблеми со повреди, но секогаш беше расположен, позитивен. Како тренер, му должам благодарност. Никогаш немав проблем со него“, изјави Гатузо