Гасперини грми по Лукман: Тој е еден од најлошите пеналџии кои сум ги видел!

by riste
1 минути читање

Аталанта со 3-1 загуби во Бергамо од Клуб Бриж и доживеа елиминација од Лигата на шампионите, по мечот Гасперини го обвини Лукман кој промаши пенал.

Лукман во игра влезе на почетокот од првиот дел кога Аталанта веќе имаше негатива од 3-0. По само неколку секунди игра тој даде гол за 3-1, а брзо потоа беше досуден пенал. Лукман зема тој да го изведува и промаши.

„Адемола Лукман е еден од најлошите изведувачи на пенали кои сум ги видел во мојот живот“, вели Гасперини.

„Тој сакаше да го изведе пеналот откако претходно даде гол, ја зема топката и покрај тоа што Ретеги и Де Кетеларе се оние кои треба да ги изведуваат пеналите. Не ми се допадна тоа што го направи Лукман“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани