Гаштаров: Главата горе, имаме уште три натпревари пред нас!

by riste
1 минути читање

Една од малкуте светли точки за Македонија на натпреварот против Швајцарија беше дебитантот Матеј Гаштаров.

Гаштаров одигра пожртвувано, максимално се бореше и го оправда повикот од селекторот, но тој вели дека не е задоволен.

„Кога нема да победиш, не си задоволен секако, но ништо, одиме понатаму, главата горе, да дадеме се од себе за наредните натпревари и тоа е тоа“, вели Гаштаров.

На прес-конференцијата по мечот, селекторот Седлоски имаше големи пофалби за Гаштаров, ја истакна неговата борбеност и го посочи како пример како треба да изгледа фудбалер кога ќе го облече националниот дрес.

„Па да, кога го носам овој дрес на секој натпревар очекувам од самиот себе да дадам се од себе, да оставам срце на терен, на секој дуел да одам 100 проценти. Тоа е тоа. Така и сега, така ќе биде и против Словенија по овој пораз. Одиме понатаму. Швајцарија е голема фудбалска држава, ние имаме уште три натпревари во десет дена, да дадеме максимум. Атмосферата мислам дека ќе остане како и што беше досега, одлична, и се надеваме на победи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×